Алкалоид за првпат во својата историја го освои пехарот во Супер Купот, тоа го стори на „сметка“ на фаворитот Пелистер совладувајќи го со 33-30. Тренерот Кирил Лазаров и неговите избраници имаат право на задоволство бидејќи вечерва одиграа одличен натпревар.
Лазаров и после мечот потенцира дека Пелистер е подобар на хартија, но среќен е што можат да се носат со вакви екипи.
„Реалната слика е дека тие се подобра екипа од нас. Одигравме екстра квалитетно посебно во првото полувреме. Голем хендикеп за нив беше црвениот картон на Филип Кузмановски. Среќен сум и горд на моите играчи. Тешко е да убедиш млади момчиња дека може да се носат со подобри играчи и тоа е најголемата сатисфакција за мене и мојот стручен штаб. Максимален респект кон Пелистер и цела Битола која има одлични навивачи. Голем успех за нас како млад тим и одиме понатаму“, изјави Лазаров.