Во сабота со почеток од 15 часот во Торшавн, нашата најдобра репрезентација го игра својот прв меч од новиот циклус во Лигата на Нации.
Секако дека се надеваме и очекуваме победа од избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Инаку познато е и кој ќе ја дели правдата на оваа средба. Главен судија е Манфредас Лукјанчукас од Литванија. Има само 31 година, но важи за еден од најдобрите судии во оваа земја. Ова лето судеше во Европа, и тоа Рапид – Трабзонспор и Марибор – Ѓургарден.
Негови помошници ќе бидат Мангирдас Мираускас, Александрас Степановас, додека четврти ќе биде Вилиус Пауласкас, сите од Литванија.