За точно една недела, на 11 септември (среда), претставниците на францускиот моќник Пари Сен Жермен и поранешниот напаѓач, Килијан Мбапе ќе се сретнат во правниот комитет на Француската фудбалска лига за да го решат долгот на клубот кон играчот во износ до на 55 милиони евра, пренесува L’Équipe.
Претходно во медиумите се појави информација дека актуелниот шампион на Франција не му ги исплатил платите и разните бонуси на Мбапе од април 2024 година, а 25-годишниот фудбалер на „шеиците“ им испрати официјално писмо со барање за исплата на сумите.
Килијан Мбапе е играч на Пари Сен Жермен од сезоната 2017/2018 кога пристигна на позајмица од Монако, а потоа беше купен и остана во клубот официјално до 30 јуни 2024 година, кога му истекува договорот.
🚨 JUST IN: Kylian Mbappé and PSG will meet in the Ligue 1 office on September 11th.
Mbappé is demanding €55M from PSG. @lequipe pic.twitter.com/GkRGyAnuAg
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 3, 2024