МЗТ Скопје убедлив на тестот против Феникс

66

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до убедлива победа во првиот од серијата пријателски средби во пресрет на новата сезона, откако синоќа, во салата СРЦ Кале, го совладаа тимот на Феникс со 106-68 (19-20, 23-11, 22-17, 22-13, 20-7) во меч во кој со договор на двајцата тренери беа одиграни пет четвртини.

Марко Миловановиќ со 14 поени беше најпрецизен во нашиот тим на оваа средба, Марин Петков и Војдан Стојановски постигнаа по 12 поени, додека Марко Баковиќ и Магдевски реализираа по 11 поени.

Нашиот следен контролен дуел е закажан за задутре (петок) и тоа против вечниот ривал Работнички (20.30 часот) во полуфиналето од турнирот „Андреј Грковски-Тафта“ во организација на ТФТ.

ПретходноНа Дончиќ треба да му се одземе пивото од раце за да игра за Лејкерс
СледноСупер Куп пресметка: Пелистер по трет пехар, Алкалоид по нова историја!