Словенечкиот ракометен магионичар, 35-годишниот Сташ Скубе ќе пропушти поголем дел од сезоната 2024/2025. Брилијантниот среден бек ги повреди лигаментите на коленото на тренингот на францускиот тим Монпеље и за него практично e загубена претстојната сезона.
Поранешниот играч на Вардар со кој ја освои Лигата на шампионите на ЕХФ стана предводник на францускиот тим, а ова требаше да биде трета сезона за него.
Скубе дресот на Вардар го носеше во периодот од 2018 до 2020 година, практично беше еден од творците на втората титулата на македонскиот тим во Лигата на шампиони.