Николов: Посакувам нова титула!

124

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов својата кариера ќе ја продолжи во Борац Бања Лука. Николов и со актуелниот првак на Босна потпишаа едногодишен договор.

Неговата желба е секако да освојат нова титула со клубот каде дел од Дамјан Шишковски.

„Сакам да ги поздравам сите навивачи на Борац со желба за успешна сезона. Момците досега направија историски успех, се надевам дека нема да застанеме тука, со многу храброст ќе одиме по нови победи. Дојдов овде за да му помогнам на тимот и ќе дадам се од себе секогаш кога ќе сум на теренот. Запознаен сум со квалитетот на лигата, знам дека главна цел е одбрана на титулата. Лигата е се посилна од година во година, а додаден квалитет доби со изградна на нови терени. Се надевам дека и годинава ќе ја овоиме титулата бидејќи само така може да се стигне и до нови европски успеси. Добро се познавам со Шишковски и со Себастијан Херера, мило ми е што се во Борац бидејќи сигурно ќе ми ги олеснат првите денови на адаптација во новата средина“, изјави Николов.

ПретходноВинисиус: Одземете им го Светското првенство на Шпанците
СледноГрчки клуб му нуди најголем договор во својата историја на екс-напаѓачот на Јунајтед