Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс по одличните настапи на ЕП 2024 го привлече вниманието на многу клубови Челзи, ПСЖ, Барселона… Барселона притискаше за него, сепак, Вилијамс одлучи да остане во Атлетик Билбао.
Нико се подготвува со Шпанија за настап во Лигата на нациите, а за време на тренинг на репрезентацијата делеше автограми и се фотографираше со навивачи. Еден од нив му довикна: „Ајде, ајде, до година во Реал Мадрид…“
А тој потпишувајќи го дресот одговори: Во Реал, нема шанси, да не си луд?.
“¿Al Real Madrid el año que viene?”
Nico Williams: “No jodas, cabrón” pic.twitter.com/9Tcd9Bdr0i
— -1899- (@_Futbolero_) September 3, 2024