Пелистер во големи проблеми, Кузмановски „поцрвене“ – за него заврши мечот со Алкалоид (ВИДЕО)

238

Пелистер до крајот на дуелот со Алкалоид во рамките на Супер Купот нема да може да смета на капитенот Филип Кузмановски, кој заработи директен црвен картон поради неспорски потег кон Карасманакис.

Кузмановски во 26-та минута со лакт го собори пикерот на Алкалоид, а по преглед на видео-снимката македонските судии, Начевски и Николов, одлучија да му покажат син картон и да го испратат на трибините. Тој практично со пет гола е најефикасен кај својот тим.

Алкалоид по првото полувреме води со 14-19, момците на Кирил Лазаров прикажаа врвен ракомет, одбраната е одлична, а засега битолчани не можат да најдат решение за брзите контранапади.

Марко Кизиќ блеска со девет одбрани, прв стрелец кај Алкалоид е Костески со шест гола, два помалку има Митев.

ПретходноСтојчев: Сараево одлично го познаваме, верувам во нашиот тим
СледноОФИЦИЈАЛНО: Осимен за 6 милиони евра стана нова ѕвезда на Галатасарај