Радост во Лестер, нема да им бидат одземени бодови

86

Повратникот во Премиер лигата, Лестер Сити нема да бидат казнет со одземање бодови, откако ја доби жалбата против наводното прекршување на правилата за профитабилност и одржливост на Лигата.

Федерацијата првично го упати Лестер до независна комисија во март 2024 година за наводно прекршување на правилата за профитабилност и одржливост за тригодишниот пресметковен период кој завршува во 2022/2023 година. Клубот потоа испадна во Чемпионшип по деветгодишен престој во англиската елита.

Комисијата ја отфрли жалбата на Лестер, но независен одбор за жалби ја поништи таа одлука и пресуди во корист на Лисиците, кои повеќе не се соочуваат со закана од одземање поени.

Во соопштение, клубот ја поздрави одлуката, а Премиер лигата соопшти дека е „изненадена и разочарана“ од одлуката, тврдејќи дека ја поткопува примената на правилата за профитабилност и одржливост и може да им дозволи на клубовите да избегнат одговорност во такви околности.

ПретходноСалцбург купи играч од ПСЖ за 10 милиони евра!
СледноГенијалецот кој го направи „Ред Бул“ Ф1 шампион за 100 милиони долари заминува во Астон Мартин!