Трапановски: Поквалитетни сме од Фарски Острови, одиме по трите бода!

91

Македонската фудбалска репрезентација уште денеска е во Скопје, по што заминува за Фарски Острови каде ќе го одигра првиот меч во Лигата на Нации. Размислувањата во таборот на нашиот национален тим се исти кај сите фудбалери и за овој дуел, и за целиот циклус. Планот е да се освојат сите три бода против Фарски Острови и да се освои првото место во групата, вака размислува и Кристијан Трапановски, кој за првпат е со сениорскиот тим.

„Чувствувам дека долго време сум тука, иако прв пат сум со најдобрата репрезентација. Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации. Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода“, изјави Трапановски, кој го носи дресот на Данди Јунајтед. 

ПретходноРеал до година тргнува во лидерот на Сити и Шпанија
СледноГостивар го потпиша Сенегалецот Диата