Ќерката на милијардер влезе во полуфиналето на УС Опен

503

Американката Ема Наваро е првата полуфиналистка на УС Опен. 23-годишната тенисерка во четвртфиналето ја победи 29-та на ВТА ранг-листата, Шпанката Паула Бадоса со 6:2, 7:5 и ги подигна надежите на домашните навивачи за американска прослава во Њујорк.

Наваро пред два месеци стана главна приказна на Вимблдон не затоа што ја победи Наоми Осака, која беше далеку од нејзините славни денови, туку затоа што потекнува од исклучително богато семејство. Ема е ќерка на Бен Наваро, банкар и инвеститор тежок 3,5 милијарди долари.

ПретходноРомано: Салах е среќен во Ливерпул, ќе потпише нов договор
СледноУС Опен заврши за уште еден тенисер од Топ 4