Новиот привремен селектор на Англија, Ли Карсли изостави три ѕвезди од тимот на „Гордиот Албион“ за претстојните два меча од Лигата на нациите. Карсли има три опции помалку за избор затоа што не ги повика Фил Фоден, Кол Палмер и Оли Воткинс. Фоден е болен, Палмер и Воткинс имаат ситни повреди но поради претпазливост се изоставени од репрезентацијата и испратени на понатамошна рехабилитација во своите клубови.
Англија ќе игра против Република Ирска и против Финска во првите две кола.
Карсли напрви место за Анхел Гомес, Тино Ливраменто, Морган Гибс-Вајт и Нони Мадуеке, а во составот се враќаат Џек Грилиш и Хари Мегваер кои не беа во комбинација на претходниот селектор Герет Саутгејт за ЕП 2024.