Грчки клуб му нуди најголем договор во својата историја на екс-напаѓачот на Јунајтед

396

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, наводно, добил интересна понуда од клуб кој е најдвор од очекувањата, но се чини и не е толку лошо бидејќи сака да ја продолжи кариерата.

Марсијал беше ослободен од Манчестер Јунајтед кога неговиот договор истече по завршувањето на минатата сезона.

28-годишниот играч останува без клуб, но беше поврзуван со неколку во текот на летниот преоден рок.

Според грчкиот медиум СПОРТ24, АЕК Атина е најновиот „додворувач“ на напаѓачот кој одлучил да преговара во последната недела.

Се наведува дека АЕК Атина на Марсијал му го понудил најголемиот договор во историјата на клубот во обид да го убеди да потпише. Засега не се споменуваат бројки, но наскоро би требало да излезат детали.

ПретходноНиколов: Посакувам нова титула!
СледноСтојчевски: Со голема верба и борба на теренот можеме да се надеваме на позитивен резултат против Холандија