Македонскиот шампион во женски фудбал, ЖФК Љуботен ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. Девојките од Љуботен загубија со 10:0 во четвртфиналето од квалификациите за ЛШ против исландски Валур.
Мечот се играше во Еншеде, Холандија, а според извештајот Валур бил далеку понадмоќен од нашиот првак со дури 18 шутеви во рамките на голот од 37 обиди. Македонскиот првак имал само еден шут кон голот.
Љуботен ќе игра за трето место на еден од повеќето мини-турнири во квалификациите со поразениот од мечот Твенте-Кардиф Сити.