Литванци ќе ни судат во Торшавн!

201

Во сабота со почеток од 15 часот во Торшавн, нашата најдобра репрезентација го игра својот прв меч од новиот циклус во Лигата на Нации.

Секако дека се надеваме и очекуваме победа од избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Инаку познато е и кој ќе ја дели правдата на оваа средба. Главен судија е Манфредас Лукјанчукас од Литванија. Има само 31 година, но важи за еден од најдобрите судии во оваа земја. Ова лето судеше во Европа, и тоа Рапид – Трабзонспор и Марибор – Ѓургарден.

Негови помошници ќе бидат Мангирдас Мираускас, Александрас Степановас, додека четврти ќе биде Вилиус Пауласкас, сите од Литванија.

ПретходноНаџи и Мартин играчи се играчи на неделата, на платформата 2win.мк
СледноБергвајн направи трансфер во С.Арабија, Куман му ја затвори вратата во репрезентацијата