Американскиот тенисер Тејлор Фриц се пласираше во полуфиналето на УС Опен победувајќи го четвртиот носител Александар Зверев со 3:1 во сетови (7:6, 3:6, 6:4, 7:6). Натпреварот траеше два часа и 27 минути.
Исклучително израмнет дуел во кој беа видени само четири брејка и на кој славеше локалниот тенисер. Се покажа дека по победата на Фриц, клучните гемови беа во тај-брејк во првиот и четвртиот сет, добивајќи ги убедливо со 7:2 и 7:3.
TAYLOR FRITZ LEADS ZVEREV TWO SETS TO ONE! pic.twitter.com/FAHm2RUDvK
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2024
Од првите четири носители, меѓу првите четири остана само Јаник Синер, број еден тенисерот во светот.
Фриц во полуфиналето ќе игра против Фрaнсис Тиафо, кој славеше против Григор Димитров, кој го предаде мечот поради повреда.