Македонската фудбалска репрезентација ги спакува куферите за првиот меч од Лигата на Нации. Прв противник во овој нов циклус е селекцијата на Фарски Острови, меч кој нашиот национален тим го игра на гостински терен во сабота.
Атмосферата е одлична и сите во таборот веруваат дека ќе дојдат до трите бода против „фараните“.
„Се што се случи до сега треба да ни служи за да научиме некои лекции, да извлечеме поуки, како да бидеме подобри екипи. Не смее во позиција да потцениме ниту еден противник бидејќи денеска сите играат фудбал, сите се подготвени. Мора да ги запазиме основни принципи во играта како такатичка дисциплина. Доколку успсееме да го исполниме сето ова, нашиот квалитет ќе ни возоможи да го добиеме мечот“, вели македонскиот репрезентативец Давид Бабунски.
Според него добро е што сите се физички подготвени, доаѓаат од подготовки со нивните клубови, па тој дел не треба воопшто да биде проблеми.
„Добро се чувствувам во новата средина, многу сум среќен во новиот клуб, имам континуитет. Тука сум да се ставам во функција на екипата во било која улога која ќе ми ја довери селекторот, како и до сега ќе го дадам максимумот во репрезентативниот дрес.
Што се однесува до физичката подготовка, таа не треба да биде проблем бидејќи е почеток на сезоната и сите доаѓаме максимално подготвени од своите клубови“, додаде фудбалот на Данди Јунајтед.