Младите репрезентативци убедливо поразени од Холандија, не шутнаа ниту еднаш на гол

1312

Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе убедлив пораз во дуелот со фаворитот Холандија во квалификациите за ЕП. Холанѓаните славеа победа со 5:0 и се на чело на табелата со максимални 24 бода, додека Македонија го претрпе петтиот пораз и со шест бода е претпоследна на табелата.

Холанѓаните отворија уште во втората минута кога по прекрасна акција, топката дојде до Регер кој откосо го совлада Алчевски (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 22 минута погоди Охајо.
Во 61 минута зголеми Манхоф, а истиот играч погоди и осум минути подоцна. Потоа уште еден гол даде Регер за 5:0.

Освен што Македонија убедливо е поразена загрижува и податокот што беа набиени на својата половина.

За тоа колку слабо одиграа избраниците на Драган Канатларовски говори податокот дека имаа само 20% посед на топка, ниту еднаш не шутнаа на голот на притивникот, ниту надвор, ниту во рамките на голот. Не изведоа ниту корнер… Алчевски освен што прими пет гола имаше и 12 интервенции. Значи викторија пред нашиот гол…

Следен меч ни е против Гибралтар во гости на 9 септември.

 

ПретходноРоналдо против Хрватска го постигна 900. гол во кариерата
СледноБешикташ се засили со ас на Бенфика