Предмалку нашата најдобра фудбалска репрезентација отпатува за Ф. Острови, каде во сабота со почеток од 15 часот во Торшавн против домашната селекција ќе го отвори новиот циклус на Лигата на Нации во сегментот – Ц. Иако нема да може да се смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски, сепак имаме квалитет да ја победиме селекцијата на Ф. Острови.
Во добра атмосфера и покрај проблемите со повредите на споменатите Трајковски и Ристовски, нашите националио од скопскиот аеродром летнаа кон Торшавн со една цел, а таа е победа и ништо друго.