Македонските репрезентативци по четири часа лет пристигнаа на Фарските Острови. Кај нас спарно и топло време, а во Торшавн, студено, околу 11 степени во споредба со Скопје каде температурите денеска беа меѓу 35 и 37 степени целзиусови.
Облаци, влажно и студено време на островската земја на северот на Европа. Нашите фудбалери вечерва околу 20:45 часот ќе одржат тренинг. Натпреварот со Фарските Острови се игра во сабота.