Скандал во Норвешка: Го повикале Халанд на допинг тест, но повик добиле и двајца починати фудбалери!

280

И Норвешка не е таа што беше. Имено се случил невиден скандал во тамошната Агенција за анти – допинг. Во пресрет на настапот во Лига на Нации, го повикале како прво Ерлинг Халанд на тестирање, ама повикале, покрај другите, и веќе починати лица и тоа пред многу, многу години.

Станува збор за Еинар Гундерсен, кој починал во 1962 година, и Јерген Јуве кој починал во 1983 година.

По овој скандал со свој коментар излегол и селекторот на Норвешка, Стал Солбакен.

И ние се прашувавме дали е ова некоја шега. Веднаш се јавивме во агенцијата и ни беше кажано дека дошло до пропуст. Јас прво помислив дека ова е Скриена камера, немаше што друго. Вакви работи не смеат да се случуваат“ посочи гневниот селектор на Норвешка кој на крајот целата работа ја истера на шега:

Само едно знам, дека тестовите на веќе починатите ќе бидат во секој случај негативни. За нив тестовите дојдоа предоцна“.

ПретходноЗарем е можно: Вучиќ ќе ги тренира јуниорите на КК Лозница!
СледноСпектакл: Дуплантис го победи Вархолм на “стотка“! (ВИДЕО)