Србија издржа против европскиот првак, Хрватска загуби од Португалија

2394
ФОТО: Twitter/Selección Española Masculina de Fútbol

Репрезентацијата на Србија одигра без голови против европскиот шампион Шпанија во Белград на првиот меч од групата во Лигата на нациите. Во комбиниран состав, по пензионирањето на капитенот Душан Тадиќ и отсуство на неколку главни играчи, „орлите“ издржаа против фаворитот.
Голманот Предраг Рајковиќ имаше неколку успешни интервенции но и среќа кога Јамал и соиграчите шутираа од сите агли, а од друга страна Србите можеа да казнат преку Лука Јовиќ во првото полувреме. Напаѓачот промаши зицер во дуел со голманот Раја.
Србија наредниот меч го игра против Данска во Копенхаген, а Шпанија ќе игра во гости со Швајцарија.

А Хрватска загуби на гостувањето кај Португалија со 2:1. Португалците водеа со головите на Далот и Роналдо по 34 минути игра. Пред крајот на првиот дел Хрватите намалија со автогол на Далот. Роналдо го постигна 900. гол во кариерата.
Во вториот дел резултатот не се менуваше.
На другите мечеви: Шкотска – Полска 2:3, Данска – Швајцарија 2:0.
Азербејџан – Шведска 1:3, Белорусија – Бугарија 0:0, Естонија-Словачка 0:1, Северна Ирска – Луксембург 2:0.

ПретходноКАНТАларовски за спомен од Амстердам
СледноСан Марино по 20 години победи на официјален меч