Елиминиран победникот на УС Опен 2021 година, ова се полуфиналните двојки

317

Јаник Синер е последниот полуфиналист на УС Опен. Пласман меѓу последните четири на турнирот во Њујорк избори совладувајќи го победникот од 2021, Данил Медведев со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4. На водечкиот тенисер на АТП листата му беа потребни 2 часа и 39 минути за да го совлада некогаш најдобриот, а денеска петти на светската ранг-листа.

Ова беше 13-та пресметка меѓу Синер и Медведев. Со победата Италијанецот го намали резултатот на 6:7 во однос на Русинот.

Натпреварот меѓу Синер, победникот на овогодинешното издание на Австралија опен, и Медведев беше последен меч за полуфинале, а по него познати се двојките кои ќе се борат за финалето. Синер ќе игра против Британецот Џек Дрејпер, во второто полуфинале ќе играат двајца локални претставници, 12. носител Тејлор Фриц и 20. Френсис Тиафо.

ПретходноЧелзи продал два хотели до „Стемфорд Бриџ“ за да го „исчисти“ финансискиот фер-плеј
СледноУС Опен: „Милијардерката“ ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот