Зарем е можно: Вучиќ ќе ги тренира јуниорите на КК Лозница!

1718

Познато е дека претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ е голем фан на Ц. Звезда, но уште поголем фан е на спортот воопшто. Претседателот го интересира се што се случува на спортски план, а посебно во федерациите. Неофицијално тој стои зад Драган Стојковиќ и по дебаклот на ЕП тој инсистирал Пикси да остане селектор.

Денеска на брифингот со новинарите, покрај другото Вучиќ истакна дека има намера да ги тренира јуниорите на КК Лозница.

Еве што пренесува Спортклуб.рс:

Ми останаа уште седум испити па да положам за кошаркарски тренер, односно висока стручна спрема. Верувам дека до крајот на годината и тоа ќе го сторам. Вечерва ќе присуствувам на тренингот на јуниорите на КК Лозница и ќе го водам истиот. Секако дека главниот тренер ќе ме пушти барем десетина минути да го водам тренингот“ истакнал Вучиќ.

ПретходноЛеброн: Ако луѓето ме паметат само по кошарката – тоа значи дека не сум успеал
СледноСкандал во Норвешка: Го повикале Халанд на допинг тест, но повик добиле и двајца починати фудбалери!