Кој е прв кандидат да добие отказ во Премиерлигата?

282

38-годишниот тренер на Саутемптон, Расел Мартин, добил рок од еден месец за да промени нешто во екипата, која очајно го почна своето враќање во Премиерлигата. Управата на клубот денеска имале средба со менаџерот на која остро му посочиле за очајниот почеток на новата сезона.

Мартин ги презеде „светците“ пред 14 месеци и беше еден од главните „виновници“ за промоцијата на тимот во Премиерлигата минатата сезона. Сепак, и покрај тоа што има само три натпревари во новата сезона, поранешниот шеф на Свонси и МК Донс има само четири недели да ги промени резултатите. Расел би можел да стане првиот тренер кој ќе добие отказ во новата сезона во Премиерлигата.

„Светците“ ги загубија сите воведни три натпревари, постигнаа само еден гол и се наоѓаат на 19-тото место на табелата.

ПретходноУС Опен: „Милијардерката“ ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот
СледноПосле 11 години се враќа на клупата на Евертон