Леброн: Ако луѓето ме паметат само по кошарката – тоа значи дека не сум успеал

108

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс даде изјава која ги воодушеви луѓето ширум светот. Крилниот кошаркар истакна дека не сака луѓето да го паметат само по неговата игра под обрачите.

Леброн истакна дека од време на време размислува за тоа и дека едноставно сака да биде запаметен по поголеми работи од кошарката.

„Одвреме-навреме размислувам за тоа како би сакал да ме паметат. Се надевам дека нема да биде само за кошарка, и ако ме паметат само по кошарка. Тоа е знак дека не успеав“, изјави Џејмс.

Тој исто така истакна дека за него најважни работи во животот се неговото семејство и заедницата.

„Сите работи што ги правам за мојата заедница, начинот на кој ги воспитав децата со сопругата и односот со мојата самохрана мајка и пријателствата што ги имам во мојот роден град се најважни за мене. Ако луѓето не зборуваат за овие работи покрај кошарката, тогаш мојата мисија пропадна. Не сум направил се, на кошаркарски план сум стар играч, но во животот се уште сум млад. Имам уште многу да направам и да изградам и да го изградам мојот пат понатаму и повисоко“, изјави Џејмс.

ПретходноСензација: Палестина одигра реми против Ј. Кореја!
СледноЗарем е можно: Вучиќ ќе ги тренира јуниорите на КК Лозница!