МЗТ Скопје против Шкупи ја почнува одбраната на титулата!

150

Денеска во просториите на КФСМ беше одржана ждрепката за новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига. Одредедни беа двојките за 1.коло, а потоа одреден беше и целиот распоред за сезоната 2024/25.

Нема да има класично дерби, а МЗТ Скопје одбраната на титулата ќе ја започне со настап против Шкупи на свој терен. Новата сезона стартува на 5 октомври а ова се двојките од 1.коло:

МЗТ Скопје – Шкупи

Работнички – Феникс

Вардар – Гостивар

ТФТ – МКК Куманово

Чаир – Кожув

Тиквеш – Пелистер

Може да се забележи дека сите средби, освен таа во Кавадарци, се играат во главниот град на Македонија.

ПретходноРома му посака добредојде на Германецот кој претходно има играно само за два клуба
СледноНадежите на мегдан со силната Холандија во обид да се дојде до позитивен резултат!