Миовски: Противникот мора да го сватиме сериозно и да бидеме на висина на задачата

201

Македонија во сабота ќе игра против Фарски Острови на првиот меч од Лигата на нациите. За очекувањата зборуваше напаѓачот Бојан Миовски.
Завршија пријателските и некои квалификациски натпревари на кои велевме дека ќе се воигрувавме, а сега ни се важни бодовите и да се квалификуваме на големо натпреварување. Во добра група сме во која сме фаворити. Мислам дека сите сме спремни, од прв до последен и сакаме од Фарски да тргнеме со три бода.
Фарските острови се аутсајдери но, сепак, треба да ги сватиме сериозно и доколку бидеме на висина на задачата мислиме дека ќе победиме. Имаме своја стратегија и ќе се обидеме да одиграме тимски и се надевам дека ќе го отвориме резултатот што побргу и натаму ќе ни биде полесно“, изјави Миовски.

За притисок во националниот тим?
Немам притисок, свесен сум за своите квалитети. Секогаш кога сум на терен давам 100% и мислам дека ќе си дојдат головите. Играм во топ 3 лига во светот, тоа е големо достигнување секогаш се трудaм да бидам таму каде што ќе можам да напредувам и нормално дека ми е чест што оваа година ќе играм во Лигата на шампионите и дека тоа искуство ќе го искористам за во репрезентацијата па во иднина да се наметнам како носител и да бидам главен голгетер“, заврши играчот на Џирона.

ПретходноОд пекол на студено, репрезентативците пристигнаа во Торшавн
СледноХуан Мата ќе игра за клуб од Австралија