Младата репрентација на Македонија до 21 години, вечерва во Алмере од 20 часот, во меч од квалификациската група – Ц за пласман на ЕП ќе и гостува на силната селекција на Холандија. Ова ќе биде првото гостување за избраниците на селекторот Драган Канатларовски во овој септемвриски циклус, за четири дена се гостува и на Гибралтар.
За вечерва нема што премногу да се коментира или најавува. Младите Холанѓани се фаворити, впрочем тоа го кажува и моменталната табела на која тие се убедливо на првото место со 21 бод или седум од седум што се вели, додека Македонија е на претпоследното место со 6 бодови.
Од друга страна и покрај сите показатели провејува оптимизам во нашите редови, и селекторот Канатларовски и неговите момци во изминатите денови даваа изјави дека ќе се обидат да одиграат најдобро што можат се со цел да се дојде до позитивен резултат. Според нашите надежи фаворитската улога им се препушта на домаќините, а со една одговорна, квалитетна и борбена игра од наша страна ќе се обидат да дојдат до што подобар резултат.
Експедицијата веќе неколку денови е во Холандија. Се одработија неколку тренинзи, тактиката е направена па се очекува само да почне натпреварот.
Инаку селекција на Македонија У-21 досега во овој квалификациски циклус за пласман на ЕП 2025, досега одигра шест натпревари, има само две победи и четири порази, па така, како што рековме, со шест бода се наоѓа на претпоследното место на табелата.
ТАБЕЛА – ГРУПА Ц
1.ХОЛАНДИЈА 7 7 0 0 21:2 21
2.ГРУЗИЈА 6 4 1 1 6:3 13
3.ШВЕДСКА 6 3 1 2 13:5 10
4.МОЛДАВИЈА 7 2 0 5 6:15 6
5.МАКЕДОНИЈА 6 2 0 4 3:7 6
6.ГИБРАЛТАР 8 1 0 7 3:20 3