Официјално: Босанчиќ е новото засилување на Вардар, промовиран и Рушту Јонус! (ФОТО)

563

Она што го највавивме пред два дена, од денеска е и официјално. Немања Босанчиќ е новото засилување на Вардар. Србинот и тоа како познат во нашата ПМФЛ откако пред две години играше за Струга ТЛ. Секако дека ќе биде големо засилување на стратегот Срѓан Захариевски.

Инаку договорен и промовиран е и младиот играч за врска Рушту Јонус, кој досега беше член на Гостивар.

May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

Тој е дете на Шкупи, потоа кариерата го водеше во Работнички, Кит Го, Охрид и Гостивар. И од него се очекуваат квалитетни партии во дресот на нашиот најтрофеен клуб.

ПретходноПоради повреди: Без Трајковски и Ристовски против Ф. Острови и Ерменија!
СледноАтина гореше – пристигна најголемото засилување!