После 11 години се враќа на клупата на Евертон

469

Поранешниот менаџер на Евертон, Дејвид Мојс би можел да се врати на чело на клубот. Во „Гудисон Парк“ се повеќе размислува за смена на актуелниот менаџер Шон Дајч, откако тимот ја започна новата сезона со три последователни порази, пишува „Football Insider“.

Мојс беше на чело на Евертон помеѓу 2002 и 2013 година. Тоа беше една од најсилните години на тимот од почетокот на новиот век и „карамелите“ продолжија да учествуваат во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, додека играа и во финалето на ФА Купот.

Потоа имаше неуспешен ангажман во Манчестер Јунајтед, а потоа ги водеше Реал Сосиедад и Сандерленд, неодамна беше на чело на Вест Хем, но летото се раздели со и моментално е без тим.

Според информациите, Шкотланѓанецот покажува сериозен интерес за Евертон. Останува клупските шефови да одлучат дали сакаат да го отпуштат Шон Дајч и да седнат на разговори со Мојс.

ПретходноКој е прв кандидат да добие отказ во Премиерлигата?
СледноВо Битола оправдано вознемирени – се бара одговорност!