Роналдо против Хрватска го постигна 900. гол во кариерата

2027

Кристијано Роналдо и на 39 години не застанува. Вечерва постигна гол на мечот меѓу Португалија и Хрватска што беше негов 900. во кариерата. Светската фудбалска ѕвезда емотивно го прослави погодокот, клекна на колена, ги стави рацете на лице одбележувајќи го овој фантастичен рекорд.

Подетално, Роналдо за Реал Мадрид има 450 голови, за Манчестер Јунајтед 145, за Јувентус 101, за Спортинг 5, за Ал Наср 68 и за Португалија 131.

ПретходноЌе биде „жешко“: “Торцида“ доаѓа во Белград, ќе навива за Бенфика на “Маракана“!
СледноМладите репрезентативци убедливо поразени од Холандија, не шутнаа ниту еднаш на гол