Репрезентацијата на Сан Марино ја впиша првата победа по 20 години, 4 месеци и 8 денови на еден официјален меч. Вечерва на домашен терен во Лигата на нациите, Сан Марино го совлада Лихтенштајн со 1:0. Стрелец на историскиот гол е Ницко Сенсоли во 53 минута.
Претходната победа им беше на 28 април 2004 година исто така против Лихтенштајн.