Она што се најавуваше со денови и се оствари. Имено вчера во Цирих се одржа ревијана трка на 100 метри меѓу светскиот рекордер со скок со стап и светкиот рекордер на 400 метри со пречки.
Арманд Дуплантис против Карстен Вархолм. Победи Дуплантис со време 10.37 секунди, додека поразениот забележа време 10.47 секунди.
Во текот на целата трка Швеѓанецот водеше и на крајот победи, додека Норвежанецот едноставно немаше шанси. И двајцата со овие резултат ќе го минеа првиот круг од квалификациите на 100 метри на ОИ во Париз.
Да кажеме дека Дуплантис пред некој ден уште еднаш го собори својот светски рекорд во скок со стап, сега тој изнесува 6.26 метри.
Познато е дека на ОИ во Париз, тој скокна со нов светски рекорд 6.25 метри до златото.
MONDO DUPLANTIS!!! 💥
10.37 TO WIN THE 100M SHOWDOWN!!!#GeauxTigers | 📺@CitiusMag pic.twitter.com/BVxqjBYX92
— LSU Track & Field (@LSUTrackField) September 4, 2024