УС Опен: „Милијардерката“ ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот

325
Фото: УС Опен/Твитер

Победничката од 2022 година Ига Швјонтек беше поразена од Американката Џесика Пегула со резултат 6:2, 6:4. Шестата тенисерка на планетата ја потврди одличната форма и ова е нејзина 14-та победа во последните 15 меча.

Пегула триумфираше во Торонто, додека во Синсинати, во пресрет на УС Опен, во финалето загуби од Арина Сабаленка.

Таа одигра импресивно и на овој натпревар против Швјонтек, со што го нанесе четвртиот пораз во 10. меѓусебен натпревар.

Таа уште од самиот старт навести одлична игра. Пегула шест пати стигна до четвртфиналето на Грен слем и никогаш не напредуваше подалеку – до оваа вечер.

За влез во финалето ќе се бори против Каролина Мухова која ја победи Беатриз Хадад Маија со 6,1, 6:4.

ПретходноЕлиминиран победникот на УС Опен 2021 година, ова се полуфиналните двојки
СледноКој е прв кандидат да добие отказ во Премиерлигата?