Хуан Мата ќе игра за клуб од Австралија

123

Светскиот и европски шампион со Шпанија, Хуан Мата ја продолжува кариерата во Австралија. 36-годишниот крилен фудбалер во новата сезона ќе игра за Вестерн Сиднеј Вондерерс во А-Лигата на Австралија.
Мата има фантастична фудбалска кариера, неговата кариера почна во Овиедо, а потоа во младинските категории на Реал Мадрид. Потоа играше за Валенсија каде што остави длабок белег и од таму отиде во Челзи освојувајќи ја ЛШ, ФА Купот, ЛЕ и Комјунити шилд.
Играше и за Манчестер Јунајтед освојуваќи ФА куп и ЛЕ, а потоа во Галатасарај и Висел Кобе и со нив ја освои шампионската титула во Турција и Јапонија.
ВС Вондерерс е троен шампион на Австралија и последен пат беше шампион во 2016 година.

ПретходноМиовски: Противникот мора да го сватиме сериозно и да бидеме на висина на задачата
СледноЌе биде „жешко“: “Торцида“ доаѓа во Белград, ќе навива за Бенфика на “Маракана“!