Измени во термините за Втора лига и за Куп натпреварите!

475

Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на вчера одржаната седница донесе одлука за промена на термин во распоредот за 4. и 5. коло во Втора МФЛ како и за  3 (три) натпревари од Куп натпреварувањето во сениорска конкуренција поради учество на турнир на аматерската репрезентацијата на Македонија во Република Србија  во период од 12 до 19  септември 2024 година.

Во прилог подолу промените :

  • 4 коло на Втора МФЛ  наместо на 14.09.2024 год  ќе се  одигра на 25.09.2024 год  од 15:00 час
  • 5 коло на Втора МФЛ наместо на 21.09.2024 год  ќе се одигра на 22.09.2024  год   (недела) од 15.00 часот
  • Куп натпреварите Победа-Гостивар, Башкими 1947-ФК Воска Спорт и Беласица-Македонија ЃП 1932  наместо на 18.09.2024 ќе се играат на  02.10.2024 (среда) во 14:00 час.
ПретходноАсот на Реал Мадрид повторно се налути бидејќи е потценет
Следно„Роналдо изгледа како тренер, би можел да ги води Јунајтед и Реал!