Осимен: Среќен сум што ќе играм за Галатасарај

249

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен по долги перипетии го напушти Наполи и премина во турскиот Галатасарај. Тој беше поврзуван со неколку клубови, Наполи сакаше да го продаде во Саудиска Арабија целата работа се изјалови, па трансферот пропадна.
Во меѓувреме Наполи го исфрли Осимен од тимот, а истовремено изборот на клуб беше ограничен затоа што кај поголемите лиги помина преодниот рок. Па така излезе Галатасарај кој понуди позајмица и Наполи и Осимен ја прифатија.
Лесно се одлучив да играм за Галатасарај. Тоа е голем клуб. Хенри Ониекру (исто така Нигериец и екс-играч на Галатасарај) ми раскажа колку е специјален овој клуб и какви фанови има. Среќен сум што ќе играм за Галатасарај“, изјави Осимен за „Скај Спортс“.

А Галатасарај го следам на социјалните мрежи поради трансферот на Дрис Мертенс. Едвај чекам да почнам да играм“, вели Осимен кој ќе го носи бројот 45.
Дебито ќе му биде против Ризеспор на 14 септември.

ПретходноПријателска: Шампионот со убедлива победа над У-19 Македонија!
СледноОд пекол на студено, репрезентативците пристигнаа во Торшавн