Како што и доликува, премиерот на Р. Македонија, Христијан Мицкоски денеска ги пречека кик-боксерите кои на СП во Будимпешта за млади, постигнаа голем успех.
Златни медали на Македонија и донесоа Марија Димовска и Силвио Мировски, сребро освои Лука Змејковски.
На приемот беше и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Инаку Мицкоски им го честита големиот успех на нашите спортски херои и им посака вакви резултати да постигнуваат и во иднина.