Рома му посака добредојде на Германецот кој претходно има играно само за два клуба

105

Матс Хумелс игра како стопер, во клубот од Рим доаѓа како слободен играч и ќе го носи дресот со број 15.

Германскиот фудбалер одигра 78 натпревари за националниот тим, на кои постигна пет гола, беше член на селекцијата која го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Новиот фудбалер на Рома во својата кариера настапуваше само за два клуба, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, а пет пати ја освојуваше Бундес-лигата.


Клубот од Рим моментално се наоѓа на 16. место во Серија А, со два бода.

ПретходноНационалите “летнаа“ за Ф. Острови, целта е победа! (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје против Шкупи ја почнува одбраната на титулата!