Сензација: Палестина одигра реми против Ј. Кореја!

59

Сензационални 0:0 во Сеул на мечот од квалификациите за СП 2026 меѓу Ј. Кореја и Палестина. Секако дека ретко кој очекуваше дека гостите ќе успеат да останат непоразени кај Ј. Кореја, за која покрај другите ѕвезди настапи и славниот Сон од Тотенхем.

За домашните настапи и некогашните играчи на Ц. Звезда, Хванг и Сеол, речиси комплетни беа домашните, но ни тоа не помогна да се дојде до победа над Палестина барем со 1:0.

Ова реми и овој бод, оваа сензација секако дека и тоа како ќе ги израдува Палестинците, посебно во Газа.

ПретходноПремиерот Мицкоски ги пречека кик-боксерите по големиот успех на СП во Будимпешта! (ФОТО)
СледноЛеброн: Ако луѓето ме паметат само по кошарката – тоа значи дека не сум успеал