Шпанските власти му одговорија на Винисиус!

384

Многу врева се дигна околу барањето на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус на Шпанија да и го одземат домаќинство на СП 2030 поради расизам на фудбалските стадиони.

Ова Бразилецот јавно го побара, но исто така интересно е дека во Ла Лига играат голем број црномурести фудбалери, посебно во Реал, па никој од нив не е цел на расни испади од страна на фановите.

Јасно е дека ова треба во корен да се сузбие, но јасно е дека и Вини треба самиот да се запраша зошто само нему му се случува.

Инаку на барањето на Бразилецот околу СП, се јави министерот за внатрешни работи на Шпанија, Фернандо Гранде – Марласка и му одговори на Винисиус:

Единствено што можам да кажам е дека нашата земја, во која почитувањето на различностите е дел од нашето ДНК, ефикасно се бори против секое дискриминаторско однесување“рече министерот на прес – конференција.

ПретходноСпектакл: Дуплантис го победи Вархолм на “стотка“! (ВИДЕО)
СледноПријателска: Шампионот со убедлива победа над У-19 Македонија!