Во сабота (од 15:00 часот) Македонија ќе игра против Фарските Острови во 1.коло од Лигата на нациите. Мечот се игра во Торшавн, а јасно е дека желбата се три бода.
Селекторот Благоја Милевски посочи дека домаќинот е сериозна селекција.
„Се работи за прв меч во Лигата на нациите, а секој прв меч е тежок. Затоа не се согласувам дека не очекува лесен натпревар. Имаме дисциплиниран противник, а ние го почитуваме како и сите други противници. Имаме цел да завршиме на првото место во овие Лига на нации, а како ќе го направиме тоа ќе видиме во текот на овие натпревари“, изјави Милевски.
„Македонија мора да биде на својот максимум. Во минатото издание на ЛН, оваа репрезентација ја победи Турција. Неговаат фудбал со многу трчање и агресија. По тоа што го видовме на оној пријателски меч во Скопје, навистина треба да дадеме максимум“, додаде македонскиот селектор.