Перо Антиќ беше пречекан со овации во арената на Олимпијакос во Атина, откако денеска се појави на прошталниот натпревар на својот поранешен соиграч Јоргос Принтезис.
Навивачите на грчкиот великан не заборавија на Антиќ и неговото време минато во дресот на „црвено-белите“, па го пречекаа со неколкуминутни овации. Во времето на Антиќ, Олимпијакос стигна двапати до врвот на Европа.
Pero Antic in the house to celebrate Giorgos Printezis pic.twitter.com/mFhu7Panbz
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 6, 2024