Американската фудбалска легенда објави пензија

64

Алекс Морган, една од најпопуларните американски фудбалерки објави крај на кариерата на 35 години. Морган беше светски шампион со САД во 2015 и 2019 година, освојувач на Златен медал од Олимпијадата во 2012 година, бронзен медал од ОИ 2020, шампионка на КОНКАКАФ Зоната (Северна и Средна Америка) во 2014, 2018 и 2022 година како и Голд купот во 2024 година. Трофејна фудбалерка која остави длабок белег во 14 години во дресот на А репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Инаку таа речиси целата кариера ја помина во САД, освен во 2017 година кога играше за Лион и во 2020 година како членка на Тотенхем. Играше за Калифорнија Сторм, Вестерн Њујорк Флеш, Портланд Торнс, Орландо Прајд, а последен клуб и беше Сан Диего Вејв.
За САД има 224 настапи и 123 голови.

ПретходноДрес од Македонија за Дончиќ и за мајката на Дражен! (ФОТО)
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ќ.С. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.565.639 ДЕНАРИ