Анчелоти по Реал (M) ќе оди во Саудиска Арабија

746
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја разгледува опцијата кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, откако ќе гоз аврши и последниот договор со кралскиот клуб.

Според информацијата која ја објави новинарот Рамон Алварез де Монт, раководството на Реал Мадрид ќе инсистира Чаби Алонсо да биде наследник на Анчелоти и тоа веднаш откако ќе заврши соработката со Италијанецот, а нов договор нема да биде потпишан.

Актуелниот работен договор на италијанскиот стручњак со „кралевите“ е до летото 2026 година. Анчелоти се врати во Реал Мадрид во летото 2021 година. Пред ова, 65-годишниот тренер ги водеше „галактикоси“ од 2013 до 2015 година. Под водство на Анчелоти, шпанскиот гигант трипати ја освојуваше Лигата на шампионите.

ПретходноЧелзи го има најскапиот тим во историјата на фудбалот
СледноСупер засилување: Шампионот го врати најдобриот голман во ПМФЛ