Капитенот на македонскиот национален тим, Енис Барди, пред утрешниот меч со Фарски Острови изјави дека атмосферата меѓу играчите е одлична и се спремни да одиграат максимално.
„Свесни сме што не очекувам и како треба да играме на овој и на наредните натпревари.  Атмосферата никогаш не била подобра во националниот тим. Доаѓаме тука со фудбалери кои имаат нови клубови и мислам дека сите сме подготвени да дадеме се од себе за репрезентацијата. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе па да го искористиме просторот кој противникот ќе ни го понуди“, изјави Барди.
Дома  Репрезентација  Лига Нации  Барди: Атмосферата во националниот тим е фантастична, најдобра во последно време
 
                









