Изјавите на Роналд Куман за трансферот на Стивен Бергвaјн во Ал Итихад предизвикаа непријатност кај 26-годишниот крилен напаѓач, кој сега јавно излезе да ја коментира одлуката на холандскиот тренер.
“Да беше посветен тренер, прво ќе контактираше со мене, но морав да го слушнам тоа на телевизија. Имав многу прекрасни моменти со него, затоа сум разочаран. Ова не е начинот на кој се третираат луѓето, а ако тој продолжи вака, тој ќе го изгуби целиот кредибилитет“, започна тој со осврнувајќи се на ова прашање, во интервју за „De Telegraaf“.
Куман го опиша овој трансфер на Бергвајн како недостик на спортска амбиција и не го повика во репрезентацијата. Тој од Ајакс отиде во Ал Итихад, на 26 години, што имплицира дека трансферот има само една опција: финансиска.
„Ми пречеше што рече дека тоа не е спортски потег. Можам да ве уверам дека конкуренцијата во Арабија е поголема отколку во Холандија и тоа можете да го видите од врвните играчи кои играат таму. Велат дека играчот мора да ја напушти холандската лига за да се развива, а јас треба да останам?“, праша Бергвајн.
„Еве ви примери: Канте игра таму една година и беше најдобар играч против холандската репрезентација на Европското првенство, а Лапорте, кој во 2023 година го напушти Манчестер Сити во Ал Наср, со Шпанија стана европски шампион“, заклучи тој.
И покрај ваквата одлука, Бергвајн не ја затвора вратата за враќање во репрезентацијата, но јасно е дека нема да игра додека Куман е на кормилото.
“Отсекогаш ми беше чест да играм за холандската репрезентација, но не сакам повеќе да го правам тоа со овој селектор. Уморен сум од некој кој секогаш вака се однесува со мене во печатот. Кој знае, можеби во иднина ќе имаме нов тренер и затоа не ја затворам вратата, секогаш ќе ги поддржувам моите соиграчи, исто како што прават за мене“.