Борче Костовски е добитникот на наградата за животно дело во спортот „8 Септември“

205

Претседателот на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“.

Костовски кој е и актуелен таекводно тренер, својот најголем успех го имаше како тренер на нашиот олимпиец Дејан Георгивски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.

На свеченоста закажана утре во Собранието на Македонија, покрај Костовски, признанија за остварувања во областа на спортот ќе им бидат доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

ПретходноТФТ подобар од Кожув во првото полуфинале на Меморијалот „Тафта“
СледноВасилевска е првото засилување за Работнички