Василевска е првото засилување за Работнички

311

Средната блокерка на екипата на Вардар жени, Марија Василевска, е новото засилување за шампионот Работнички. Како што потврдија од раководството на шампионките, постигнат е договор со Василевска која ќе го засили шампионскиот ткм во пресрет на новата сезона.

Василевска е едно од новите имиња кои се очекуваат во редовите на „железничарките“, кои во октомври ги очекува и настап во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Денеска клубот го напушти капитенот Тамара Стојанова, која кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати.

Работнички останува без капитенот: Тамара Стојанова потпиша за Ал Шарјах

ПретходноБорче Костовски е добитникот на наградата за животно дело во спортот „8 Септември“
СледноРаботнички поразен од Башкими на пријателски меч